Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, побарала да биде приведен екс-премиерот Никола Груевски, првообвинет за Насилствата во Центар, зашто постојано доцнел на ова и на сите останати судења кај што е обвинет.

„Според член 380 став 3 од Законот за кривична постапка, треба да биде приведен, ова не е во ред“, рече Фетаи.

НИдејата ја поддржажл и  обвинителот Гаврил Бубевски кој рече: „Пратете полиција по него, поминаа 20 минути како го чекаме сите овде седнати во судницава“.

Веднаш потоа обвинетиот Груевски влезе во судницата, а судијата Душан Јосифов го опомена дека пречесто доцни, на што Груевски ништо не одговори – пренесува Нова тв.