Поранешниот македонски премиер Никола Груевски на ракометарите им ја честита победата над Украина и ги пофали што „не се откажуваат од Македонија“, а можноста ја искористи и да му упати отровна стрела на исто така бившиот претседател на Владата, Зоран Заев.

„Честитки за победата на репрезентацијата на Македонија во ракомет против Украина. Прв натпревар на ова Европско првенство и прва победа. Шампионите не се откажуваат од Македонија!“, објави Груевски на Фејсбук пред да го „вовлече“ и Заев.

„Добра пригода да се направи уште еден пријателски разговор со Порошенко:)“, поентира експремиерот, алудирајќи на телефонската местенка од руските пранкери за тогашниот шеф на Владата, претставувајќи му се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

SHARE