„Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“ е насловот на докторската дисертација на м-р Никола Груевски.
Екс премиерот на РМ докторската дисертација ќе ја брани на 6 јули на Економскиот факултат во Скопје.
Груевски, во декември 2006 година, магистрираше на истиот факултет со магистерскиот труд „Странските директни инвестиции, економскиот развој и вработеноста“.