Груевски сликан во Будимпешта

На Фејсбук попладнево се споделува фотографија од Никола Груевски фотографиран, наводно во Будимпешта, на која се гледа како екс-македонскиот премиер облечен во црвена јакна поминува улица.

Никола Груевски пред еден месец избега од Македонија, иако имаше пресуда за двегодишна казна затвор за случајот со блиндираниот мерцедес.

До денеска не е познато на кој начин тој ја напуштил земјата иако имаше информации дека до Унгарија стигнал преку Албанија, Црна Гора, Србија.

Унгарските власти му дадоа азил на поранешниот македонски премиер, а прашањето за неговата екстрадиција останува „отворено“ бидејќи Македонија и Унгарија немаат потпишано взаемен договор за екстрадиција.

SHARE

1 Коментар

  1. Наместо Фикус Хорхе, Грујче крадецот и бегалец требаше да го стави за Прецедател на Македонија да биде професорот Игор Јанев ! Се друго е глупост и кич!

Comments are closed.