Груевски веќе не е почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски вечерва објави дека највисокото тело го изгласало новиот статут на партијата во кој има голем број промени од кои најинтересна е одлуката Никола Груевски повеќе да не биде почесен претседател на партијата.

Според новиот статут се укинуваат сите почесни партиски функции меѓу кои и функцијата почесен претседател која досега ја имаше екс лидерот Никола Груевски.

Оваа информација беше споделена пред медиумите кои го следеа состанокот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.