Група Охрид: Ако не беше за НАТО Преспанскиот договор ќе пропаднеше

Бугарскиот политиколог Димитар Бечев пренесува анализа од средбата на Групата Охрид, собир на меѓународни експерти, дипломати и екс политичари и функционери поканети од македонската влада да помогнат во процесот на евроатлански интеграции.

Бечев во својот твит не открива кој конкретно го дава овој заклучок кој остава простор по влезот на Македонија во НАТО земјата да се откаже од договорот со Грција.

Во Охрид викендов се одржува првиот „Охридски дијалог“ чија цел е развивање стратешки дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочуваат Македонија и регионот.

#OhridDialogue #BalkansForward

SHARE