Не сите банки ја почитуваа препораката на Народна банка од минатата недела, да не носат одлуки за исплата на дивиденда од добивката за лани.

Во изјава за Фактор, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска вели дека нејзината сугестија била повеќе од претпазливост – банките да останат високо капитализирани и во време кога светот па и земјата се соочуваат со сериозен економски предизвик.

Две банки – Комерцијална и ТТК банка сепак вчера известија дека ќе се дели заработката од лани и дека тоа е одлука на поголемиот дел од акционерите, пренесува „Фактор“.

SHARE