Гувернерот на Централна Македонија одбива да ги замени знаците со натпис „Скопје“!

Апостолос Ѕиѕикостас, гувернер на грчкиот регион Централна Македонија, во утринската програма на телевизијата Скај категорично порача дека нема да ги промени патоказите на кои пишува „Скопје“ со нови со натпис „Северна Македонија“!

„Сакам да бидам јасен: Знаците на улиците во регионот Централна Македонија нема да се променат. Додека сум регионален шеф, на знаците ќе пишува ‘Скопје’, а не ‘Северна Македонија’, штом соседите избираат име кое не им припаѓа. За мене тие беа и ќе останат ‘Скопје’“, рече Ѕиѕикостас, кој управува со регионот од северниот дел на Грција од 2013 година.

Прашан како ќе реагира ако Владата и премиерот Алексис Ципрас му наложат да ги промени патоказите во патната мрежа од неговиот регион, политологот од Нова демократија и потпретседател на Европски комитет на регионите со одговор: „Знаете дека не подлегнувам на такви притисоци!“.

Централна Македонија е еден од 13. административни региони во Грција, а ги опфаќа Солун, Халкидики, Иматија, Кукуш, Пела, Пјерија и Серес.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.