„Ха, ха, ха, јас немам Фејсбук“: Џафери по барањето на Кирацовски за седница за разрешување на Мизрахи

Ова е коментарот на претседателот на Собранието Талат Џафери на повикот на пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски собранискиот спикер сега и веднаш да закаже собраниска седница за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи.

Кирацовски попладнево на Фејсбук го повика Џафери да закаже седница и дека „не смее повторно да го стави Собранието во улога на штитеник на неподобни кадри, како што тоа го изведе во случајот со (не)одземањето на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски.

Џафери не прецизира дали и кога ќе закаже седница за разрешување на министерката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Плусинфо“.

Од ДУИ, за повикот на Кирацовски до Џафери коментираат дека пратеникот „Кики така може да му се обраќа само на Боки 13“.

Разрешувањето на министерката од техничката влада може да предизвика сериозни политички турболенции и да има импликации врз целиот изборен процес.

ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека Мизрахи нема да биде разрешена.

Од ДУИ се воздржани дали би гласале за разрешување на министерката.


SHARE