Џевдет Хајредини, поранешен министер за финасии и аналитичар смета дека продажбата на државното земјиште во Тетово кај поранешен ШИК „Јелак“ е школски пример на корупција.

Школски пример на корупција од највисоко до најниско ниво е продажбата на државното земјиште кај поранешниот ШИК “ЈЕЛАК” во Тетово. Не држи објаснувањето на Премиерот Заев, кога вели “нека се гради во Тетово, нека се шири во периферија, доста е во центарот на градот”. Во центарот на градот, г.Заев, Теута и тој пред неа, со помош на Сугарески, исто како и на Попова Шапка, направиле урбицид, пишува на Фејсбук аналитичарот Хајредини.

SHARE