, Поранешниотминистер за финансии, Џевдет Хајредини, на конференцијата „За општество ослободено од корупција“ која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода истакна дека оние коишто планираат да се занимаваат со борба против корупција треба да имаат предвид две работи:

„Прво не им верувајте дека се борат против корупцијата оние коишто се најгласни, кои до сега не биле во позиција да бидат корумпирани.

Второ, кога луѓето сакаат да дискутираат за нешто најчесто имаат проблем да бидат конкретни.

Хајредини потсети на една порака на американскиот амбасадор Џес Бејли од пред две години порачал „Укажувам на тоа да ја гледате корупцијата во редовите на сегашната Влада“.

Хајредини вели дека ништо од тоа неговото укажување не се оствари.

„Ноторна корупциска, политичка и економска грешка е господине Заев да продолжиш од буџетот на државата без никаков законски основ да ги плаќаш гласачите на твојот коалиционен партнер. Да им ги праќаш парите дома. Затоа што тие 2000 луѓе на кои секој месец им стигаат пари, не се ни тука, а со себе носат минимум 20.000 гласачи. Тоа е невидена коруптивна дејност“!