Непознатите хакери украле милиони податоци од германски политичари, новинари и познати личности, објави германскиот весник „Билд“, и ова се третира за најголем хакерски напад во историјата на Германија.

Хакерите успеале да украдат лични податоци вклучувајќи детали за кредитни картички и мобилни телефонски броеви, а канцеларката Ангела Меркел е меѓу погодените, објавија локалните медиуми во петокот.

Повеќе од илјада податоци биле објавени на интернет, и во моментов не е јасно кој ги украл податоците.

германскиот Кибер тим е на вонреден состанок, пренесуваат светски медиуми.

Хакерите ги нападнале политичарите на скоро сите политички партии, со исклучок на десничарската “АФД”, чии податоци сé уште не се објавени.

Меѓу жртвите на нападот е и претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер, но исто така познати уметници и новинари, пред се од јавниот сервис АРД и ЗДФ.

Сојузната служба за заштита на уставноста (БФВ) минатата ноќ започнала истрага за овој случај и разменува информации со странски разузнавачки служби, со цел да се пронајде потеклото на хакерскиот напад.

Германските медиуми шпекулираат дека државите како што се Русија и Кина би можеле да стојат зад нападот, бидејќи, наводно, Москва со години извршува големи хакерски напади врз Германија и соработката со германските десничарски екстремистички групи.

Најлошо погодени се владејачката ЦДУ и ЦСУ коалиција – објавени се лични податоци од 405 политичари на овие партии.

SHARE

Оставете коментар