Израелските гледачи кои го следеа првото полуфинале на Евросонг, добија пораки дека Израел не е безбеден и тоа преку јавниот сервис Кан кој ја пренесува Евровизија“ која неделава се одржува во Тел Авив.

Хакери вметнале лажно видео предупредување, наводно од израелската армија со кое се повикуваат граѓаните за одат во засолништа поради можен ракетен напад.

Двоминутното видео завршува со пораката: „Израел не е безбеден, ќе видите“.

Не беше веднаш јасно кој стои зад овој хакерски напад, иако израелските медиуми шпекулираат дека доаѓаат од про-палестински групи во арапските земји.

Јавниот сервис Кан, домаќин на годинашниот „Евросонг“, потврди дека хакирањето траело неколку минути и дека случајот се испитува.

SHARE