Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки.

„Постојат одредени задачи што треба да ги исполниме, а земјите членки ги бараат. Фокусот е ставен на заштита на надворешната граница и создавање на ефективна агенција за заштита на границата со околу 10.000 луѓе. Тоа не може да се направи без пари“, вели Хан во интервју за виенскиот весник „Естерајх“.

Во нацрт-буџетот се предвидени тие трошоци како и трошоците од излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

„Ако дополнителните трошоци се споредат со населението, тогаш тоа значи, дека по жител дополнителнот трошок ќе биде во висина на едно ‘кафенце’ дневно“, објаснил Хан, кој е уверен дека ќе се постигне компромис по ова прашање.