Хан им порача на лидерите да не си играат политика

Референдумот не смее да се исполитизира, политичките партии треба да се воздржат од употребување на овој настан за партиски цели и секој да одучи за сопствените интереси. Не е време да се играат политички игри, тоа беше мојата порака кон сите лидери, тоа му го кажав и на премиерот, истакна еврокомесарот за добрососедски односи Јоханес Хан.

„Важно е да се мотивираат сите да учествуваат и да го остварат своето демократско право. Би сакал колку што е можно повеќе граѓани да учествуваат на овој референдум зашто тоа е сигнал кон меѓународна дека луѓето го искористуваат своето право“, рече Хан.

Еврокомесарот додаде дека решавањето на долготрајни конфликти е реткост.

„Од огромно значење е да се осигура дека граѓаните можат да донесат информирани одлуки. Се работи за одлука која треба независно да ја донесат граѓаните, а нивната одлука ќе биде важна за стабилноста во регионот. Не ми се допаѓа кратенката ПЈРМ, и се надевам дека во иднина ќе ви се обраќам со Северна Македонија“, истакна Хан.