Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, имаше непријатно искуство во Виена, кога еден

Велосипедист со голема брзина налетал на Јоханес Хан, а наместо да се извину му се заканил со шлаканица, јавува виенски „Курир“.

Настанот се случил додека еврокомесарот шетал низ центарот на Виена со неговата партнерка, Сузан Рис Пасер.

Според Хан, велосипедистот возел со брзина од најмалку 50 километри на час, а бидејќи во тие моменти го турнал, европскиот комесар го предупредил дека не смее така да се однесува и дека тоа не е место за диво возење на велосипед.

На ова,велосипедист се вратил и на Хан му се заканил со зборовите: „Ќе добиеш шлаканица и тоа веднаш“ по што, според различни изјави на сведоци на настанот, дошло до блиска средба и взаемно туркање, па дури дека во кавгата се вклучила и партнерката.

Хан за немилиот настан рече дека од велосипедистот се одбранил со рака, за да се заштити.

Сузан Рис, кој е шефица на австриското осигурување „Вистенрот“, рече дека целиот настан не траел ниту две минути, и верува дека приказната стигнала до медиумите само за да му нанесе штета на угледот на Хан и на неговите шанси во уште еден мандат да биде европски комесар.