Пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ врокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска изјави дека не е многу веројатно дека екс-премиерот Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија.

Запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот Парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во земјава, Хан рече:

„Се надевам дека тоа ќе се случи, но не е многу веројатно бидејќи двете земји немаат спогодба, но ја разбирам позицијата на Европскиот Парламент“.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.