Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за австриската агенција АПА вели дека по негативната одлука на лидерите на ЕУ  за почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија се отвора прашањето дали станува збор за трајно вето од Франција за проширувањето.

„Искрено кажано по одлуката на Советот на ЕУ, ние сме беспомошни. Сепак, треба да се има предвид дека 25 земји се изјаснија за отворање на преговорите“, кој оцени дека едногласното носење одлуки во Советот на ЕУ, повеќепати се покажало како неефикасно.

За барањето на Макрон ЕУ претходно да спроведе внатрешни реформи што е поддржано и од некои други членки, Хан смета дека може да се одвива и паралелно со процесот на пристапување на државите кандидати.

„И едното и другото ќе траат со години и ако ја следиме линијата на Макрон и би се одело едно по друго тоа во пракса би значело дека перспективата за членство во ЕУ може да стане реалност дури по 30 години. А, тоа не би била никаква перспектива ниту поттик за реформите“.

SHARE