Хан препорача преговори со Македонија и Албанија

Каско што и претходно најавуваше, комесарот за проширување и добрососедска политика на ЕУ, Јоханес Хан, пред малку во Европскиот парламент препорача почеток на преговори со Македонија и со Албанија.

Хан истакна дека Македонија е „светол пример“ во регионот, односно дека Македонија испорача реформи и ги постигна историските договори со Грција и со Бугарија, поради што заслужува да почне преговори.

Албанија, според Хан, треба да биде наградена за судските реформи.