Хаос во центарот на Скопје, МВР се судри со насилни полски навивачи (ВИДЕО)

Како што се очекуваше МВР има сериозни проблеми да го обезбеди јавниот ред и мир пред мечот Македонија – Полска во квалифокациите за Еуро 2020 кој се игра утревечер.

Денеска дојде до инцидент на плоштадот Македонија во кој полските навивачи кои се озлогласени низ Европа се судрија со македонските Алфи, специјалци и позорникари.

Главните проблеми за македонската полиција се очекуваат утре кога во Скопје ќе пристигнат илјадници полски тифози.

Видеото е на новинарот Фуркан Салиу

SHARE