Хаосот во образованието допрва започнува

Многу нејаснотии во јавноста по објавената платформа за онлајн настава од страна на владата.

Реагираат и наставници, родители и ученици но и информатичари.

Прашањата се поврзани со поседување на компјутери воопшто, поседување на компјутери со соодветна јачина, поседување на компатибилен софтвер за следење на наставата за учениците и за наставниците.

Огромен дел од учениците немаат компјутери, училишните компјутери се на различен софтвер од оној што го предлага владата, за компјутер што може да се поврзе на платформата кој треба да биде 64 битен (училишните се 32 битни) треба да се дадат најмалку 500 што е научна фантастика за најголем број семејства. А некои имаат по двајца или повеќе ученици.

Посебно прашање е кога ќе се одржи подготовката за наставата или од први октомври наставниците и учениците ќе загубат уште неколку недели додека да се снајдат во новата образ на карма каша која можеше да биде решена уште пред неколку месеци кога стана јасно дека Ковид19 нема да замине зимава.

Дел од прашањата на овој Твитер пост

SHARE