Харадинај го одби Брисел: Помина времето на условувања

Рамуш Харадинај и официјално го одби предлогот од Брисел привремено да ги укине зголемените царини за производите од Србија, а во ЦЕФТА, да се води како Косово со ѕвездичка.
Помина времето кога овие прашања можеа да се решаваат со условување“ѝ напишал Харадинај на шефицаа на европската дипломатија, Федерика Могерини, објави GazetaExpres.
„Дваесет години по завршувањето на војната во Косово, десет години по прогласувањето на независноста на Косово, и пет години по Договорот од Брисел, вистина е дека напредокот во нормализација на односите меѓу Косово и Србија е целосно запрен“, пишува Харадинај.

Тој предлага нова иницијатива за да се обнови дијалогот со еден „поширок договор“, рече Харадинај.

Тој потсети дека Приштина веќе објави нацрт на таков договор меѓу, „Република Косово и Република Србија“.

, кој беше претставен на специјалниот претставник на ЕУ, Наталија Apostolovoj четвртокот.