Харадинај му честита на „колегата од Република Северна Македонија“

Бранот на честитки од сите страни за успешното заокружување на Преспански договор го јавна и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој лично му честита на „колегата од Република Северна Македонија“.

„Денеска се сретнав со мојот колега од Република Северна Македонија, Зоран Заев, кому му честитав за успешното завршување на Преспански договор, кој на луѓето и на соседната држава им гарантира јасна евроатлантска перспектива. Косово останува посветено на градење стабилен регион и во тој поглед односите со официјално Скопје се одлични“, објави Харадинај на својот профил на Фејсбук.

Портпаролот на Владата во Скопје, Миле Бошњаковски, изјави дека Заев имал кратка неформална средба со Харадинај на аеродромот во Приштина пред полетувањето за Германија, каде што ќе поминел неколку слободни дена во приватен аранжман.

SHARE

Оставете Коментар