Харадинај смени министерка по објава против НАТО на Fејсбук

Откако вчера на Фејсбук напиша дека кампањата на НАТО против СР Југославија следувала по една деценија борба против албанските терористи, Рамуш Харадинај ја отстрани од владата заменик-министерката за правда во косовската влада Весна Микиќ.

„Денес, пред точно 20 години, над една суверена земја која една деценија се бореше против албанскиот тероризам во рамките на нејзините граници, направен е намерно планиран геноцид од страна на НАТО сојузот“ , напиша на ФБ Микиќ по што следуваше одлуката на косовскиот премиер, дознава Б92.