Косовскиот премиер тврди дека Србија нема да се осмели да ги испрати своите сили во Косово.

Доколку тоа се случи, додаде тој, Косово ќе го бранат Американците.

„Србија не се осмелува да ја испрати својата војска во Косово, само еден американски војник ќе биде доволен,  а САД ќе не поддржат во такви ситуации“, рече Харадинај во интервју за Insider.

Во исто време, неговиот заменик и воедно министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, му се заблагодари на новиот американски амбасадор во Приштина, Филип Коснет, за поддршката што дава „за трансформација на косовските безбедносни сили во Армија на Косово“.

Коментирајќи ја изјавата српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Харадинај е целосно во право кога вели дека САД, што и да се случи, ќе биде на нивна страна, без разлика колку Косово го крши меѓународното право.

Одамна е јасно дека САД стои зад Албанците и дека никогаш не направиле ништо сами, изјави Вучиќ пренесува Танјуг.