Хари и Меган остануваат без титули и пари


Принцот Хари и Меган Маркл ја губат титулата „нивно височество“ како и правото да користат пари од јавните средстваза своите должности, соопшти Бакингамската палата.

Двојката веќе нема официјално да ја претставува кралицата, која соопшти дека „ја поддржува нивната желба за независен живот“.

Според новиот договор, тие ќе продолжат да ја носат титулата „Војвода и војвотка од Сасекс“, а Хари сепак ќе има титула „принц“.

Хари и Меган изјавија дека ќе ви вратат 2,4 милиони фунти што ги инвестирале за реновирање нанивниот дом во Беркшир, кој останува нивни дом во Велика Британија.

Бакингемската палата објави дека имплементацијата на новите правила ќе започне од пролет.

Во изјавата од Бакингемската палата се вели дека „Арчи, Хари и Меган секогаш ќе бидат сакани членови на семејството“.

SHARE