Косовскиот претседател Хашим Тачи попладнево ги повтори своите заложби за „корекција на границата со Србија“, нагласувајќи дека неговиот предлог не е за размена на територии, туку за припојување на Прешевската Долина кон Косово, дознава Радио Слободна Европа.

Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека на следната рунда разговори меѓу Приштина и Белград во септември треба да се покрене прашањето за обединување на Прешевската долина со Косово.

Етничките Албанци очинуваат големо мнозинство од населението најјужниот српски регион како и на блиските Бујановац и Медвеѓа.

Областа била дел од Косово кус период по Првата светска војна. Косово беше редизајнирано како автономна покраина на Србија по Втората светска војна и ја засили таа автономија значително во 1974 година.

На 6-ти август Тачи го бранеше својот предлог – велејќи дека е отворен за да разговара за она што тој го нарече „корекција на границите” со цел да се нормализираат односите со Србија и надминување на спорот кој е пречка на патот на Србија и на Косово кон ЕУ.

Но, косовскиот претседател ја отфрла идејата за поделба на територијата на Косово по етнички линии – вклучувајќи го регионот на северот од косово населен со мнозинско српско население.

 

Одвоен од остатокот од Косово со реката Ибар, северно Косово е дом на околу 50.000 етнички Срби кои се противат на владееoето на Приштина и сé уште јас признаваат  само владата во Белград.

„Мојот предлог за мирно решение со Србија е јасен“, изјави Тачи. „Не етнички базирани поделби, туку корекција на граница и взаемно признавање“, пренесува РСЕ.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека предлогот на Тачи би можел да биде можност за постигнување компромис и решавање на долготрајните разлики меѓу Белград и Косово.

„Не е тајна дека главната пречка за постигнување договор е посветеноста на Приштина да се вклучи во разговорите со максималистички цели”, рече Дачиќ за Радио Телевизија Србија. „Тие не сакаат компромис, туку ние да признаеме независност, но тие да добијат и нешто друго – што го нарекуваат источно Косово, Прешево и Бујановац”.