Хелсиншкиот комитет за човекови примил голем број пријави за регистриран говор на омраза на вчерашното славје по повод победата на РК „Вардар“ од страна на навивачките групи на градскиот плоштад и на социјалните медиуми, но и говор на омраза и во другите градови во државата.

Сите пријави се уредно регистрирани велат од Комитетот, по што ќе следи соодветна реакција до надлежните институтции.

„Најголем број од пристигнатите пријави се однесуваат на говор на омраза врз етничка припадност. Така на пример, на градскиот плоштад беше скандирано “Нека разберат клетите шиптари. Чиста Македонија. Гасна комора” и друг навредлив и дискриминаторски говор. Со ова се предизвика радзор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, опишано во член 319 од Кривичниот законик“, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет кој најстрого се осудува поттикнувањето на насилство и предивикувањето на меѓуетничка омраза.

SHARE