Хирошима: 75 години од првиот напад со атомска бомба во историјата

Со оглед на значењето на 75-годишнината од фрлањето на првата атомска бомба над Хирошима, при шро загинаа 140.000 луѓе, градски власти, со строги мерки на претпазливост, сепак одлучија да одржат комеморација и покрај епидемијата на корона.

„На 6 август 1945 година, атомска бомба го уништи нашиот град. Тогаш беше речено дека ништо нема да порасне тука во наредните 75 години, но сепак Хирошима се опорави и стана симбол на мирот“, рече градоначалникот Казуми Матсуи.

Небото беше јасно на 6 август 1945 година, кога во 8.15 часот американскиот бомбардер Б-29 Енола Геј ја фрли атомската бомба врз градот, при што загинаа 140.000 луѓе.