Хитлерјунгенд од нашиот двор, тргна ли Заев против ЕУ – пишува Горан Момироски

Берлин, ноември 1944
Хитлер и неговиот кабинет согледувајќи дека ја губат војната во игра ги става децата под 16 возраст и ги испраќа на фронт. Паралелно со ангажманот на деца, Хитлер наредува интезивирање на употреба V (ФАУ) бомбите за напади врз Британија. На крвникот му е јасно дека војната е загубена но не сака да се откаже и да спаси најмалку 2 милиони жртви.

Скопје, јули 2019
Заев и неговиот кабинет согледувајќи дека е при крај власта на СДСМ во игра ги става професионалците во МВР и Јавното обвинителство. Паралелно со ангажманот на злоупотребени делови од администрацијата кабинетот дава наредба на сите можни начини да се притискаат тројца новинари кои што се најголем проблем за „Блесокот“ во кој живее со своите соработници. На „блескавиот“ му е јасно дека војната е загубена но поради страв од затвор не сака да се откаже од власта и да спаси најмалку 12 месеци и стотици милиони евра од државниот буџет.

Во оваа колумна покрај воведот кој говори и сам за себр и за една споредба која говори колку антиЕУ е концептот кој што го туркаат Заев и неговата екипа за лажните вести.

Како да не е доволно смешно што најновиот план на владата се вика „План за одлучна акција против ширење дезинформации“ (како да може да има и неодлучна акција на владата) тој ќе биде спроведуван и од луѓе кои по професија и под дефиниција се најголемо зло за слободата на медиумите.

Според планот објавен од владата за „апсолутната вистина“ односно официјално за лажните вести во земјава ќе се грижи тело „Акциска група“ составено од претставници на јавните институции:

Претседателот на РМ,
Претседателот на Владата на РМ,
Собранието на РМ,
Кабинетот на министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност,
МВР,
Mинистерство за Oдбрана,
МНР, МИОА,
Управата за безбедност и контраразузнавање,
Агенција за разузнавање и други, чија задача ќе биде анализирање и следење на појавите на дезинформирање на јавноста и координирање на борбата против ширење на дезинформациите.

Во име на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за координација на оваа Акциска група ќе биде министерот за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски, а од страна на Кабинетот на премиерот одговорен ќе биде посебниот советник за односи со јавност, Марјан Забрчанец.

Не треба многу аргументи за да се види дека целиот овој план е всушност план за замолчување и цензура на критички настроените медиуми кон власта во периодот пред изборите, кога и да бидат тие.

Само треба да се види како ова го решава ЕУ.

За споредба еве кој е член на европскиот пандат на македонското тело. За разлика од кај нас каде што одлуката за тоа што е вистина а што е лажна вест ќе ја носат соработници на државните функционери кои што по правило ќе ги бранат своите шефови и ќе врескаат дека секоја критика за Заев а лажна вест, во ЕУ тоа го прават слободни личности, експерти за медиуми, новинари, професори и други луѓе кои што не се под влијание на Заев, Пендаровски, Поповски или Шеќеринска.

Замислете, за дезинформациите во Македонија ќе одлучуваат и тајни агенти на службите, меѓу нив можеби и луѓе кои што имаат професионална задача да шират лажни вести. Да не зборуваме за двајцата главни пропагандисти на владата кои што ќе го координираат проектот.

Во јануари 2018 година Европската Комисија носи одлука за формирање на исто вакво тело какво што вчера најави владата.

„По процесот на отворена селекција Комисија назначи 39 експерти во новата Група на високо ниво за лажни вести и дезинформации. Групата се состои од претставници на невладиниот сектор, социјалните мрежи, медиумски организации, новинари и професори. Претседавач со телото е професорката Медлин Де Кок Бунинг“, пишува во одлуката на европската Комисија за формирање на тело исто како тоа што го најави вчера Заев.

Меѓу членовите на телото во Брисел нема ниту еден претставник на телата на ЕК ниту претставници на службите за безбедност.

Подолу еве го линкот до текстот на Европската Комисија каде што е објавена акцијата на ЕУ на ова поле.

Линк кој што за жал најверојатно не го прочитале ниту вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, министерот Поповски, стратегот Забрчанец и другите советници на премиерот. Ако го беа прочитале сигурно немаше да се срамат на ваков начин.

https://ec.europa.eu/digital-single-market/en/news/experts-appointed-high-level-group-fake-news-and-online-disinformation?fbclid=IwAR1cLvdF3VFewB95LBfMbPY8mgJxS_yXV1HaOgOZWkmxoNOYcrl1WGTPu_A