Британскиот историчар Марко Атила Хоаре повлече паралела меѓу фашизмот во Шпанија и во Грција во 1930-тите и 1940-тите со однесувањето на нивните политички наследници кон каталонските националисти во Шпанија и кон Македонците во Грција.

„Шпанија и Грција се две европски земји каде што фашистите и нивните сојузници победија во граѓанските војни во 1930-тите и 40-тите години. Во Шпанија нивните политички наследници и безбедносните сили што ги основаа прогонуваат каталонски националисти; во Грција тие ги прогонуваат етничките Македонци“, напиша на Твитер вонредниот професор на приватниот универзитет СССТ од Сараево.

Веднаш потоа тој твитна: „Сепак, ЕУ е на страната на наследниците на фашистите и во Шпанија, и во Грција“.

SHARE