Британскиот историчар Марко Атила Хоаре смета дека јавноста треба да го осуди западниот свет за тоа што прво ја принуди Македонија да го жртвува името на земјата „како вид цена што мора да се плати“, за потоа да го слави нејзиното „делумно предавање“.

„Западниот свет би требало да биде заснован на либерално-демократските вредности. Тоа вклучува отфрлање на расизмот и на другите облици на шовинизам, отфрлање на геноцидот и на злосторството против човештвото, отфрлање на агресијата меѓу државите и правото на луѓето слободно да го изразуваат и да го дефинираат својот идентитет, да ги слават своите култури и наследства и да ја пишуваат својата историја. Преспански договор ги предаде овие вредности. ‘Преспа’ ги принудува Македонците да го напуштат националното име за својата земја и да го ограничат изразувањето на сопствената кутлура и наследство за да ги смират расистичката и ултранационалистичка чувствителност на официјална Грција“, констатира тој во интервју за босанскиот портал „Кликс“, додавајќи дека „Запад сè повеќе губи од својот интегритет со секоја ваква груба спогодба“.

Веднаш по официјализацијата на „Северна Македонија“ од Владата на Зоран Заев, вонредниот професор на приватниот универзитет СССТ од Сараево, а до пред две години професор на Универзитет „Кингстон“ од Лондон, порача дека за него и за поголемиот дел од светот државата и понатаму ќе биде само Македонија.

SHARE

1 Коментар

  1. Only decent people stand by us the Macedonians and our country Macedonia.
    The ones who doesn’t….they can`t as they lost their sense of humanity.
    We the Macedonians know best about our self’s.

Comments are closed.