Парламентот на Холандија го изгласа барањето на група пратеници за враќање на визите со Албанија, поради „зголемениот албански криминал“ во оваа земја.

„Оваа одлука и дава право на Владата на Холандија да се обрати до Брисел, бидејќи последниот збор во врска со барањето за враќање на визниот режим за албанските граѓани го има Европска Унија“, објави тиранската телевизија „Топ-чанел“.

Во барање за укинување на визите за албанските граѓани се наведува дека тоа е неопходно поради видно зголемување на криминалот од страна на албанската мафија во Холандија.

SHARE

2 Коментари

Comments are closed.