Холандскиот премиер Марк Руте се закани дека ќе ги затвори границите кон Источна Европа доколку земјите-членки на ЕУ од тој регионот не прифатат поголем број бегалци.

Според него, источноевропските земји потписнички на договорот за Шенген  биле горди на нивното членство во Шенген зоната, но ова членство значи и солидарност со земјите потписнички.

Како пример, Руте ја наведе Унгарија, која во никој случај не им помага на барателите на азил, дури и кога барателите на азил не сакаат да се населат во Унгарија, туку во друга европска земја.

Во Унгарија, е во сила закон за забрана за укажување помош на барателите на азил, поради што завршуваат на границата на т.н. ничија земја, каде што дури и хуманитарните организации немаат пристап.

Околу прашањето за затворање на границите за земји од Источна Европа, Руте веќе разговарал со претседателот на Франција Макрон, а наскоро и со германската канцеларка Ангела Меркел.

SHARE