Најмалку 13 лица се повредени во Истанбул кога возач со автобус прегазил луѓе на преполна станица, а потоа ги бодел со нож оние што се обидувале да го фатат, соопшти турската полиција и рече дека го уапсила напаѓачот.

33-годишниот возач на автобусот е уапсен денес, откако скокнал во морето за да избега.

Меѓу повредените е и еден човек што бил прободен со нож додека се обидувал да го спречи возачот на градскиот автобус да побегне.

Полицијата соопшти дека меѓу повредените има тројца ирански државјани и две деца, пренесе „Хуриет“.

SHARE