Боби Христов: Локални партиски комисии одлучуваат за национални директори

Кога општински партиски комисии даваат “виза” за директори, конкурсите се формалност. Добредојдовте во минатото @VladaMK кое требаше да го смените. Аирлија, пишува уредникот во ТВ Телма Боби Христов.

Христов не открива точно за кој случај се работи но тврди дека директор на македонска национална институција не може да биде избран без оценка од неговата матична партиска комисија во градот од кој што доаѓа.

“Не говорам за оправданоста на смена. Зборам за тоа што за директор на национална институција надвор од Скопје, за директор се чека став на општинска партиска организација, а не на оцена од соодветна комисија во соодветниот ресор”, пишува Христов.

Телевизијата во која што тој работи, ТВ Телма нема објавено сторија на оваа тема.