Хроника

Акција на МВР: Уапсени арамии кои за два месеци извршиле седум тешки кражби, а имале и три обиди

Ограбувале станови, деловни објекти и патнички возила

Ограбувале станови, деловни објекти и патнички возила – двајца кочанчани се осомничени дека за два месеци во август и септември извршиле седум тешки кражби и имале три обиди за кражби.

Оперирале во повеќе градови – во Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип. Уапените се на возраст на 26 и 43 години.

„Тие се сомничат дека во текот на август и септември оваа година на подрачјата на Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип двајцата извршиле повеќе кривични дела од кои седум тешки кражби во станбени и деловни објекти, три тешки кражби во обид во станбени и деловни објекти и патнички возила и едно спречување на докажување, извршено од В.З..“ стои во кривичната од МВР.

По судска наредба биле претресени нивните домови, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбите.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top