Хроника

Четворица скопјани приведени, кај нив пронајдени наркотични дроги и таблети

При извршените прегледи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и таблети

Четири лица од Скопје биле лишени од слобода во полициска акција спроведена на повеќе локации во главниот град, откако кај нив биле пронајдени наркотични дроги и таблети.

Во периодот меѓу 26 и 27 јуни полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.Ј. (26), М.Ј. (24), М.Т. (37) и М.П. (20), сите од Скопје – информира Министерството за внатрешни работи.

При извршените прегледи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и таблети.

По целосно документирање на случаите, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести од: Хроника

Добил нож во стомак, откако ненамерно му го изгребал автомобилот на соседот

На расправијата ѝ претходела несреќна околност: „Реното“ во сопственост на прободениот 65-годишен маж, само тргнало по удолнина и удрило во паркираниот „Фолксваген“ на соседот, при што го изгребал

To top