Хроника

Деветгодишен ученик се задави со парче крофна

Реанимацијата, која ја започнале наставниците, а потоа ја продолжија работниците од итната помош, траела помеѓу 45 и 50 минути, но безуспешно

Деветгодишен ученик во основно училиште во Велика Горица, Хрватска, почина вчера откако се задави со парче крофна за време на одморот, објавија хрватски медиуми.

Наставниците веднаш му притрчале на помош, повикале брза помош и започнале со реанимација.

Дежурната докторка во Загребскиот жупански завод за итна медицинска помош, Сања Кос, која учествувала во интервенцијата, вели дека детето јадело крофна „и очигледно вдишало големо парче во дишните патишта. Децата што биле до него рекле дека посинело, престанало да дише и ја изгубило свеста и се струполило“.

Кога екипата за итни случаи пристигнала во училиштето, наставниците веќе изведувале срцева масажа и вештачко дишење.

„Детето веќе беше сино и не одговараше на повици ниту на допир. Не дишеше, а срцето не му чукаше. Продолживме со постапката за реанимација, но во еден момент забележавме одредени знаци на смрт. Ја прекинавме реанимацијата во 15:35 часот“, рече докторката.

Реанимацијата траеше речиси 50 минути
Според докторката, реанимацијата, која ја започнаа наставниците, а потоа ја продолжија работниците од итната помош, траеше помеѓу 45 и 50 минути.

Според докторката Кос, случаите на задушување со храна, иако ретки, се случуваат и дека е важно навреме да се препознае дали станува збор за лесна или тешка форма на задушување и веднаш да се примени прва помош.

Најнови вести од: Хроника

Изречена ефективна затворска казна за возач за брзо возење – прва во Повардарието

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч.

Царинската управа спречи шверц со строго регулиран лек за малигни заболувања на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.

To top