Хроника

Емотивен пречек на скопскиот аеродром: „Студио Фолклор“ освои прво место на натпревар во Бразил (ВИДЕО)

Голем успех за македонскиот фолклор

Вечерва на Меѓународниот аеродром во Скопје со овации и емоции беа пречекани членовите на ансамблот „Студио Фолклор“. Тие се вратија од турнејата и меѓународниот натпревар во Бразил носејќи две значајни признанија за Македонија.

Ансамблот го освои првото место според гласовите на публиката од целиот свет, а стручното жири им ја додели третата награда.

На скопскиот аеродром ги пречекаа громогласни овации од присутните. Членовите беа поздравени со гордост и радост по успешната претстава на македонскиот фолклоор пред меѓународна публика.

Од ансамблот истакнаа дека се особено горди на освоените награди и на можноста да ја претставуваат земјата преку традиционалната музика и игра.

„Браво, наши шампиони! Македонија се гордее со вас!“, порачаа од „Студио Фолклоор“.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top