Хроника

Гевгелискиот суд пресуди 18 години затвор за дојранецот, кој го претепа до смрт својот пријател

Основниот суд во Гевгелија му изрече казна затвор од 18 години на 56-годишниот Васил Режак од дојранското село Сретеново, кој беше прогласен за виновен за кривичното дело „убиство на свиреп начин“. Станува збор за првостепена пресуда, а обвинетиот ќе остане во притвор до нејзината правосилност.

Според судските наоди, трагичниот настан се случил попладнето на 1 ноември 2025 година во близина на угостителски објект во Сретеново. Режак и Никола Тимев, кои претходно биле пријатели, заедно пиеле алкохол. Потоа меѓу нив избувнала расправија, што прераснала во физички напад.

Обвинителството утврди дека Режак најнапред го удирал Тимев со тупаници и клоци, а потоа продолжил да го удира со метална шипка. Во нападот, кој траел речиси половина час, на жртвата ѝ биле нанесени бројни скршеници на екстремитетите и черепот, како и тешки телесни повреди проследени со обилно крварење. По нападот обвинетиот го напуштил местото и го оставил повредениот без помош.

Тешко повредениот Тимев бил забележан од случајни минувачи, кои веднаш повикале Итна медицинска помош. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, каде што подоцна им подлегнал на здобиените повреди.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top