Хроника

Искра за Кармина Бурана и македонската малограѓанштина

Ако малограѓанките што се свртеле со задникот кон луѓе во количка се препознаат внимателно да го прочитаат текстот

Водителката Искра Мишиќ која е сведок на македонска малограѓанштина открива непријатна случка за време на оперскиот спектакл Кармина Бурана која се случила завчера а во која жртви се луѓе со инвалидитет.

,,Во врска со концертот оддржан во парк. Прекрасен, величествен, беспрекорен, што се однесува до тоа што се одвиваше на сцена. Но, еве малку за нашата малограѓанштина од оние од кои тоа најмалку би требало да се очекува. Публиката достоинствена, културна, но еве кој ја нарушуваше целата атмосфера. Стоев од страна, веднаш до обезбедувањето. Помеѓу сцената и публиката јасно е дека има заграден простор. Внатре опрема за озвучување и неколку девојки во колички. Одеднаш, откако веќе беше започнат концертот еве доаѓаат да се пикнат: јас сум вработена во Филлхармонија, јас во МОБ…. По некое време дојде поголема група и почна да му вика на Обезбедувањето, па ние секоја година влегуваме, па ти не си наше обезбедување. Беа 5 мајки со 5 деца. Простете ама Кармина Бурана е се’ само не претстава за деца. Внатре имаше едно куче, веројатно жител на Градскиот парк и едната почна да вика: кучето може да влезе а ние не? Каде бе жено да влезеш??? Отворен концерт. И да финиширам, се напикаа вработените со своите деца и погодете каде застанаа? Со задникот завртени пред девојките инвалиди во колички. Да, тоа го направија”, пишува Мишиќ која се надева дека ,,малограѓанките” ќе го прочитаат постот.

,,И да ви кажам дека да ве биваше ќе бевте на сцена, а не да малтретирате публика. Срам да ви е”, заклучува Мишиќ.

Најнови вести од: Хроника

Врсници тепале малолетник во училиштен двор во скопски Бит-Пазар и го снимале со мобилен, па објавиле на интернет

Неколку малолетници нападнале дете во двор на основно училиште во Скопје. Нападот бил снимен со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на интернет.

Кривична пријава против ексградоначалникот на Струмица Костадинов, С.Р. (38) и Ј.П.(60), поради „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување исправа“

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против Костадин Костадинов (36) од Струмица, поранешен градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, поранешна  раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и против Ј.П.(60) од Битола, тогаш управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано). Постојат основано сомневање дека Костадин Костадинов и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

To top