Хроника

Кумановец лишен од слобода за повеќе видови дрога најдени во неговиот дом

Арсенал од опијати, вага и банкноти го одведоа во притвор жител на Куманово

Жител на Куманово е приведен по претрес во неговиот дом во кој полициските службеници откриле повеќе видови дрога.

„Вчера (14.03.2026) полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш. (26) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, кокаин, амфетамин, таблети екстази, дигитална вага и банкноти.

Лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

Повеќе случаи на семејно насилство изминатите 24 часа низ државата: Тепани сопруги, ќерки и родители

Во изминатите денови во Скопје, Велес, Битола, Тетово и Кичево биле пријавени повеќе случаи на семејно насилство, при што биле пријавени физички напади и закани меѓу членови на семејства.

To top