Дваесетгодишно момче од селото Делогожда, струшко, се соочува со кривична пријава откако се обидело со фалсификувани уплатници да докаже дека ги подмирило изречените прекршочни казни.
На 5 август 2026 година осомничениот во Одделението за прекршоци во Охрид доставил уплатници со кои тврдел дека ги платил обврските по прекршочните налози.
При контролата, надлежните органи утврдиле дека документите се фалсификувани. Со ова постапување била нанесена штета на државниот буџет.
Откако случајот бил документиран, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против 20-годишникот поради основано сомнение за кривично дело „фалсификување исправа“.