Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување. Се работи за предметот во кои обвинети се поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами и поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби. Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија во вредност од 507, 6 денари, односно 8,2 милиони евра во денарска противвредност.
За вградување, копирај и вметни го ова URL во твојата WordPress страница.
Копирај и вметни го овој код за вградување во вашата страница.