МВР информира дека вчера претпладне во 10:05 часот во СВР Скопје, Н.К.(37) од с. Рашче, Скопско, пријави дека завчера вечерта околу 09:40 часот пред влез на основно училиште во с. Рашче, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од пет малолетници, кои употребиле и тврди предмети и му нанеле тешки телесни повреди.