Хроника

Последен аплауз за Сашо Миленковски

Ја загубивме една од најзначајните фигури на македонскиот театар

На 63-годишна возраст почина истакнатиот македонски театарски режисер Сашо Миленковски, потврдија од Драмскиот театар во Скопје.

Миленковски е еден од најзначајните театарски дејци во современата македонска култура. Неговата богата професионална кариера започнува уште пред дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, со ангажман во мултинационалниот проект КПГТ во Суботица (1988–1991), кој се афирмираше како важна платформа за театарски експерименти и меѓународна соработка.

Во текот на повеќе од три децении активна работа, Миленковски реализираше над педесет режии на сцените во Македонија, регионот и Европа. Неговиот режисериски опус се одликуваше со голема разновидност – од класичните дела на Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет, до современите драмски текстови. Особено значаен беше неговиот придонес во афирмацијата на современата македонска драма.

Меѓу неговите најзначајни режии се праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски (Битолски народен театар, 1992), која освои четири награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ и беше изведена на „Охридско лето“ и „Млад отворен театар“. Со претставата „Буре барут“ во Македонскиот народен театар (1994) значително придонесе за промоција на Дуковски како еден од најизведуваните македонски автори во светот.

Миленковски успешно ги постави и драмите „Тетовирани души“, „Црна дупка“ и „Баханалии“ од Горан Стефановски, како и „Лични огласи“ од Братислав Димитров. Во Драмскиот театар – Скопје ги режираше „Кандид во земјата на чудата“, „Кинегонда во Карлаленд“ и „Јов“ од Венко Андоновски. Тој е автор и на неколку авторски проекти, меѓу кои „Коледе“, „Game over“ и „Ова не е американски филм“. Во 1999 година го основа независниот театар „Бабилон“.

Од 2006 до 2010 година беше директор на Македонскиот народен театар, а од 2010 година работеше како драматург во Драмскиот театар – Скопје. Оваа година ја доби и Наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Сашо Миленковски беше сопруг на починатата актерка Билјана Беличанец (2019) и татко на режисерката Хана Миленковска.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top