Хроника

Повредени полицајци по судир во Скопје

Повредени службеник и неговиот сопатник

Двe лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје.

Според Министерството за внатрешни работи, незгодата била пријавена на 1 октомври во 15:40 часот. Во неа учествувале патничко возило „Опел Корса“, управувано од 23-годишен државјанин на Турција, и патничко возило „Дачија“ во сопственост на МВР, управувано од 33-годишен полициски службеник од Скопје.

Во незгодата повреди добиле полицискиот службеник и неговиот сопатник, 45-годишен жител на Батинци, скопско. Повредите биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

На местото на незгодата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top