Хроника

Притворен скопјанецот што избоде маж пред угостителски објект

Напаѓачот на возраст од 25 години осомничен за обид за убиство за нанесените убодни рани во градниот кош, грбот и стомакот

Министерството за внатрешни работи објави дека е лишено од слобода лицето што на 23 април по полноќ му нанесе убодни рани на маж пред угостителски објект во Скопје.

„Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ч. од Скопје затоа што на 23.04.2026 пред угостителски објект на ул. ’50 Дивизија’ со нож му нанел убодни рани на А.Ѓ.. Веднаш по добиената пријава за настанот, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е во целост расчистен.

Напаѓачот е лишен од слобода, а од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, е поднесена кривична пријава по итна постапка против А.Ч. за кривично дело “обид за убиство” по член 123 во врска со член 19 од КЗ.

Од страна на судија на претходна постапка, на лицето му е определена мерка куќен притвор во траење од 30 дена“, соопшти МВР.

Инцидентот се случил по вербална расправија меѓу двајцата, која прераснала во физичка пресметка. Во еден момент оштетениот го нападнал осомничениот, по што 25-годишникот извадил нож и му задал неколку убоди.

Нападнатиот добил рани во градниот кош, грбот и стомакот. По укажаната лекарска помош, тој бил пуштен на домашно лекување.

 

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top