Хроника

Приведен тетовец што пијан пробал да ограби угостителски објект со гасен пиштол

Откако не ги добил парите побарани од вработениот, го удрил со пиштолот и избегал, но набргу бил фатен од полицијата

Тетовската полиција попладнево лишила од слобода тетовец што се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект под дејство на алкохол и со закана со пиштол.

„Во 16 часот на улица ‘Илинденска’ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.Д. (22) од Тетово. ​При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,35 промили алкохол во крвта.

Претходно, во СВР Тетово А.И. (38) од Тетово пријавил дека околу 15:30 ч. на неговото работно место во угостителскиот објект Х.Д. врз него извршил обид за разбојништво. Имено, ​според пријавеното, тој влегол во објектот и со закана со пиштол побарал од вработениот А.И. да му ги даде парите. Откако А.И. одбил и му рекол да излезе, помеѓу нив настанала физичка пресметка, при што со кундакот од пиштолот го удрил А.И. во пределот на главата.

Потоа, Х.Д. побегнал од местото, но набргу по преземени мерки е пронајден и лишен од слобода.​ Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top